Апелација ги потврди доживотните казни затвор за петкратното убиство кај Смилковското Езеро

t

Петкратното убиство кај Смиљковско Езеро во 2012 година останува терористички акт, а Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ ги убиле четирите момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Според објавената пресуда на сајтот на Апелација, жалбите на петтемина обвинети се одбиваат, се потврдуваат казните, од кои три се доживотна робија.

Масакрот се случи на 12 април 2012 меѓу 19:30 и 22:30 часот. Обдукцијата врз убиените покажа дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто беа најдени чаури од три различни типа муниција.

Судот им ги потврди доживотните затворски казни на обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. По убиството, во Косово побегнаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и сега се отвора прашањето дали сега кога заврши и повтореното судење за „Монструм“, конечно ќе ги екстрадираат во Македонија.

Овие тројца сега се правосилно осудени на доживотен затвор за кривично дело Тероризам од член 394-б став 1 в.в. со член 22 од Кривичниот законик (КЗ).

Се потврдува првостепената казна и на Хаки Азири за две кривични дела Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 2 в.в. со став 1 од КЗ, кој за две дела доби по 5 години во единствена казна од 9 години затвор. И нему му се пресметува времето поминато во притвор, па бидејќи тој е 6,5 години притворен, од затворската казна му остануваат само околу 3 години за издржување.

Апелациониот суд потврди дека шестообвинетиот Сами Љута се ослободува од обвинение.

Второстепениот суд му ја потврди единствената казна од 15 години затвор на обвинетиот Фејзи Азири за две кривични дела Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 в.в. со став 1 од КЗ. Од неа му се одбиваат 6 години кои ги помина во притвор за „Монструм“.

„Монструм“ имаше две судења, откако во 2017 година Врховниот суд го врати овој случај на  почеток, овојпат кај СЈО. Обвинението го застапуваше обвинителката Фатиме Фетаи.

Извор: СДК.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Осуден за “Монструм” се појави на телевизија:…

Фејзи Азири еден од осудените во случајот „Монструм“,…

БРУКА! Ковачевски и СДСМ ќе поднесуваат амандмани…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од собраниската говорница…

Врховен ги потврди доживотните затворски казни за…

Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот…