Апелација ја укина пресудата за Мијалков, Грујовски, Јакимовски и Станојковиќ за “Трезор”

t

Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите во случајот „Трезор“, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати на повторно постапување и одлучување пред Основниот кривичен суд Скопје.

– Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-100/21, во јавноста познат како „Трезор“, по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите С.М. од С., Г.Г. од С., Н.С. од С. и Т.Ј. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, се наведува во денешното соопштение од Апелациониот суд.

При разгледување на побивата пресуда, како што се додава во соопштението, Апелациониот суд Скопје констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација ја укина пресудата за Мијалков, Грујовски,…

Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое…

Хаос во судница на судењето на „Плацеви…

Веројатно ако прашате било кој адвокат кој…

Миjaлков и неговите адвokaти позитивни на кopoнавирусот…

Поранешниот директор на Управата за безбедност и…

Жecтока рeaкција на Комерцијална на нeбyлозите на…

Апелациониот суд донесе одлука со којашто го…

Не се бранат луѓе, се работи за…

Коментирајќи ги последните случувања околу процесите и…