Апсење во Скопје: Приведен криминалец баран со три потерници

t

Полициски службеници денеска на ул. „Христо Татарчев“ го уапсиле 45-годишниот Т.О. од с. Октиси, струшко.

– Денеска (03.01.2023) во 10.20 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Т.О.(45) од с.Октиси, струшко. За него биле распишани три потерници за издржување казна затвор од вкупно осум години, информира МВР.

Како што соопшти МВР, по наредба на Основен суд Скопје 1 Т.О. бил баран за издржување казна од три години и три месеци за сторено кривично дело по член 247, по наредба на Основен суд Струга бил баран за издржување казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 и по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово бил баран за доиздржување затворска казна од една година и три месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 246 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Македонските институции се виновни за бегството…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ),…

Гренланд ги демантира тврдењата на Трамп за…

Гренланд денеска ја оспори изјавата на американскиот…

Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не…

(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири…

Албанската полиција вечерва употреби водени топови против…

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…

Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…