Арачиновец фатен со 200кг храна со поминат рок, во магацин пронајдени нови абалажи за да ја пакува
Вчера во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Б.(43) од село Арачиново, скопско, затоа што при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење.
Исто така, подоцна била извршена контрола и во магацин на ул.„Индустриска“ во Куманово, сопственост на Б.М.(45) од с.Романовце, кумановско, од каде ја зел стоката, при што сопственикот признал дека е негова. Во магацинот биле пронајдени дополнителни околу 600 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување на производите.
Пронајдената стока, од Агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ.
Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов случај на западнонилска треска и во…
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска…
Високите температури го зголемуваат ризикот од труење…
Новото најавено зголемување на дневните температури, кое…
Владата ќе ги опомени трговците што се…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во…
Полицијата пукаше во Арачиново, возач со камион…
– На 24.05.2026 околу 12:00 часот на…
МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во…
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов,…