Аргачи од Русија: Пристапот на САД ги урна мировните преговори
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аргачи од Русија, каде треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, ги обвини Соединетите Американски Држави дека се одговорни за пропаѓањето на мировните преговори во Пакистан.
„Американскиот пристап доведе до тоа претходниот круг преговори, и покрај одреден напредок, да не ги постигне своите цели поради прекумерни барања“, вели Арагчи, пренесоа иранските државни медиуми.
Според него, „безбедноста на пловидбата низ Ормускиот Теснец е големо глобално прашање“, додека САД и Иран продолжуваат со блокадата на тој стратешки поморски правец.
Иран преку пакистански посредници му доставил на Вашингтон предлог за повторно отворање на Ормускиот Теснец и завршување на војната, објави американскиот медиум Аксиос.
Во иранскиот предлог, нуклеарните преговори се одложени за подоцнежна фаза.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, бара договорот да содржи одредба дека Иран „не смее да поседува нуклеарно оружје, бидејќи во спротивно нема причина за состанок“.
Путин денеска треба да го прими Арагчи, кој е во дипломатска мисија насочена кон обезбедување поддршка во спорот со Вашингтон.
Надежите за обновување на мировните напори се намалија откако Трамп ја откажа посетата на своите пратеници за Исламабад, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, иако Арагчи продолжил да патува меѓу посредничките земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Норвешка подготвува штит против дронови на границата…
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…
Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…
(Видео) ИРАНСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА ЕМИТУВАШЕ УПАТСТВА ЗА…
Иранската државна телевизија и медиумите во земјата…