Аргентина размислува да го стави ликот на Меси на официјална банкнота во земјата?
Опсесијата со Лео Меси достигна нови височини по освојувањето на Светското првенство, а според информациите во Аргентина размислуваат да го стават ликот на суперѕвездата на нивните официјални банкноти.
Според весникот „Ел Финансиеро“, претставниците на финансиското раководно тело на јужноамериканската земја ги разгледуваат опциите за славење на историскиот триумф на нивната земја на Светското првенство. Се верува дека една од најпосакуваните опции е да се стави слика на Меси на банкнотата од 1.000 пезоси, бидејќи бројот започнува со „10“ – бројот на дресот што го носи големата ѕвезда.
Ова ќе биде во чест на успехот на Аргентина во освојувањето на Копа Америка во 2021 година, победата на т.н. „Финалисима“ против европскиот првак Италија и светската титула во Катар. Се верува дека на задната страна на наводната банкнота ќе биде испишано „La Scaloneta“ – прекарот на аргентинскиот шеф Лионел Скалони.
Останува да видиме дали идејата ќе се оствари и луѓето во Аргентина ќе можат да платат со банкноти на кои е ликот на нивниот идол Меси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Големи пожари во Аргентина, властите се сомневаат…
Шумски пожар во аргентинската Патагонија зафати речиси…
Земјотрес од 5,6 степени ја погоди северна…
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според…
Го прашаа Ибрахимовиќ, кој е подобар, Меси…
Златан Ибрахимовиќ, легендата на Милан и консултант…
Меси по осми пат ја доби „Златната…
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ја освои „Златната…
Аргентина очекува инфлација од над 95%
Економистите ја зголемија својата прогноза за годишната…