Аргентинскиот претседател: Не одам на финалето во Катар за да не бидам баксуз!
Претседателот на Аргентина, Алберто Фернандеш нема да биде на трибините за да ја бодри својата репрезентација во финалниот натпревар против Франција на Светското првенство во Катар.
Францускиот претседател, Емануел Макрон пристигна во Доха. Фернандеш на шега напомена дека еден од факторите е суеверието и дека не сака да биде баксуз.
„Како милиони сонародници, ќе уживам во финалето на Светското првенство дома. Ќе го споделам тој фантастичен момент со семејството“, напиша аргентинскиот претседател на Твитер.
Фернандеш додаде дека „на теренот ќе има кумови на Аргентина заедно со навивачите на трибините“ и дека тимот има се што му треба на терен.
„И тогаш има суеверие“, напиша претседателот со смајли кое намигнува.
Во Аргентина постојат суеверни ритуали кои се практикуваат кога се случуваат големи настани како што е и фудбалското првенство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Големи пожари во Аргентина, властите се сомневаат…
Шумски пожар во аргентинската Патагонија зафати речиси…
Земјотрес од 5,6 степени ја погоди северна…
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според…
Бугарските медиуми љубоморни на Македонија? „Уште еден…
Весникот „Стандарт“ од Бугарија како да ѝ…
Кривична пријава против седум лица поради „местење“…
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција,…
Македонски фудбалер постигна гол од половина терен
Натпреварот помеѓу Нафта и Домжале заврши со…