АРМ и НАТО вежбаат на Криволак

t

Армијата на Република Македонија со учество во здружената вежба на НАТО „Neptune Strike 22“ на дело го потврдува мотото на НАТО „Заедно сме посилни!“.

Во рамки на планираните редовни заеднички вежбовни активности на НАТО, денес на армискиот полигон „Криволак“ ќе бидат извршени летачки вежбовни активности со воздухоплови од вооружените сили на САД, како дел од завршните активности на вежбата „Neptune Strike 22“, која се изведува во медитеранскиот регион во период од 24.01 до 05.02.2022 година.

Вежбовните активности од двата воздухоплови „Ф-18“ од носачот на авиони на морнарицата на САД „Хари Труман“ ќе се изведат во координација со воена копнена компонента со проверка на системот на навигационо водење со дејствување на копнени цели од воздух.

Истите воздухопловни вежбовни активности над АП Криволак ќе бидат уште еднаш повторени во текот на утрешниот ден.

После нашата целосна интеграција во НАТО и вклучувањето во системот на Air Policing, со учеството на воени воздухоплови во вакви вежбовни активности ја потврдуваме нашата способност за координирано учество во секаков вид здружени вежбовни активности на НАТО, интероперабилноста и способност за интегрирање на воздушниот систем за одбрана на НАТО земјите членки.

Воедно, уште еднаш ги потврдуваме можностите на полигонот Криволак за изведување на воздухопловни вежбовни активности со воени воздухоплови на НАТО, со што го демонстрираме нашиот придонес во одржување на борбената подготвеност на НАТО.

Во текот на изминатата 2021 година, над АП Криволак, во вежбовни активности од воздух учествуваше и авион „AC-130“ од состав на военото воздухопловство на САД во рамки на вежбата на специјалните сили на Армиите на САД и Република Македонија „Trojan Footprint 21“.

Армијата на Република Македонија со учество во здружената вежба на НАТО „Neptune Strike 22“ на дело го потврдува мотото на НАТО „Заедно сме посилни!“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…

Професионалните војници по 45 години ќе можат…

Професионалните војници кои ќе наполнат 45 години…

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…