Објавено на:

Арсовска до Меџити: Ќе ве дестабилизирам тебе и твојот измеќар Висар – Не се глупирајте, кажете колку пари земавте за дивоградбите!

t

Изет изјавил дека ќе сум ја дестабилизирала државата.

Изет, единствена дестабилизација од мене ќе добиете ти и твојот измеќар Висар што ти ги потпишувал незаконските дивоградби за кои луѓе ви платиле милиони евра, а сте ги лажеле дека ќе можат да ги легализираат, пишува на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Не се глупирајте, ви ја знаеме играта, ви ги знаеме лагите, знаеме кога се обидувате да манипулирате со јавноста и да ја дефокусирате.

Како тоа секогаш кога некој ќе ви чепне во криминалот тоа е „обид за дестабилизација“?

Каква е таа матрица на ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ВЛЕН?

Секогаш кога се во тесно, кога флагрантно се фатени со „рачињата во медот“, тоа било обид за дестабилизација.

Каква дестабилизација? Што ќе се дестабилизира?

Ќе ви кажам јас што. Единствено нешто што ќе се дестабилизира од откривањето на криминалот со дивоградбите во Чаир е вашата комоција и прилив на нелегални пари. Тоа ќе биде дестабилизирано.

Кажете колку пари земавте за нелегалните објекти, не се глупирајте. – објави Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити го сака Чаир со срце, но…

Иако постојано јавно изјавува дека „Чаир го…

АРСОВСКА ГО ВРАТИ ЌОСЕТО:Ова е уште еден…

Споменикот од пред комплексот судови го отстрани…

Мицкоски стана слуга на ВЛЕН

Мицкоски молчи пред криминалот на ВЛЕН, а…

А да ги ѕирнеше дивоградбите во Чаир?…

Вицепремиерот и министер за животна средина и…

Министерот Меџити најави околу Нова година нови…

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека…