Арсовска: За секоја невистина кажана од СДСМ има тyжба, тоа ќе бидат добар начин да се заврши нивната политичка кариера

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека има поднесено неколку тужби против политичката партија СДСМ.

„Дел од постапките се покренати, за дел од постапките сега, во овој момент се собираат информациите и тимот работи. Јас верувам дека ќе си имаме една убава завршница на овие постапки. За секоја една работа која што беше искажана, беше истакната како невистина за овие луѓе кои што продолжуваат на овој начин. Верувам дека ќе биде еден добар завршеток за нивната политичка кариера, да се знае дека на тој начин не e принципиелно, не е редот да се работи, ниту да се функционира во една држава каде што сакаме да имаме демократија. Имајќи во предвид дека со толку многу манипулации, невистини, се послужија во текот на оваа кампања, јас не верувам дека во следните години било која жена којашто би сакала да биде кандидат во било какви избори, а посебно на непосредни, нема да се осмели затоа што ќе знае дека ќе биде предмет на вакви типови на политичари со какви што се имавме соочено сите ние во оваа кампања“, порача Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…

Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од морбидните пораки, институциите…

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека е згрозена од,…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…