Арсовска: Намерно се креира криза со поништување на тендерот за нафта за ЈСП

t

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во интервју за „Телма“ вели дека намерно се креира криза со поништувањето на тендерот за нафта за градските автобуси.

Таа ги оспорува аргументите на Бирото за јавни набавки, од каде тврдат дека била доставена само една понуда.

„Во самите јавни претпријатија, раководствата се на ВМРО-ДПМНЕ. На мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ, коешто ги гласа и ги поставува таму управните одбори и надзорните одбори на овие јавни претпријатија да бидат лица коишто се назначени од нив. И затоа одговорноста е уште поголема, уште посериозна и никој во овој град не може да ја носи, освен оние кои не носат одлуки, односно со своето постапување или непостапување, доведуваат да имаме една ваква состојба во градот“, вели Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанка сведочи за потегот на возач на…

Возач на автобус на ЈСП со својата…

Распишан е нов тендер за набавка на…

Тендерот за набавка на 100 автобуси за…

Левица: Продолжува голготата на скопјани – пропадна…

„Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со…

Жицницата на Водно останува затворена додека ЈСП…

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски вели…