Арсовска: Нека е честит и вековит празникот Богојавление Водици – да работиме на обединување на луѓето!

t

На овој голем христијански празник, кога го празнуваме духовното раѓање и спасението, Ви посакувам добро здравје, спокој и бериќет. Во годината што е пред нас нека не води добра мисла, да бидеме подобри и похумани луѓе, да живееме во слога и да работиме за подобра иднина на сите.

На положувањето на светиот крст во водите на Вардар од Мостот Слобода, упатив честитки до сите православни верници во Македонија, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, а на најсреќниот учесник Ѓорѓе Николовски, на кој традиционално му доделивме златник му посакавме добро здравје и многу успеси во новата година.

Нека е честит и вековит празникот Богојавление – Водици! Нашите мисли секогаш да бидат благородни и светли, да работиме на обединување на луѓето, за сите да имаме подобар и посреќен живот , стои во објавата на Градоначалничката на Град Скопје, Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…

Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…

Цените на храната во Европа повторно почнуваат…

Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…

Голема полициска акција против организирана криминална група…

Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…

Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…

Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…

Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…