Арсовска објави документи и ги тагна амбасадите: Се обидуваат да сокријат криминал, Владата и МВР активно учествуваат во прикривање!
Наместо во истрага за криминалот, институциите во Македонија активно учествуваат, поддржуваат и поттикнуваат КРИМИНАЛ, вели во објава на Фејсбук градоначаличката на Град Скопје, Данела Арсовска.
– Општина Чаир вчера во 14.44 часот до Агенцијата за катастар на недвижнини поднеле Решение за поништување на Решението кое го издадале за криминалната легализација со фалсификувани документи што ја откривме.
Решението го антидатирале демек е направено на 02.05.2025 за да изгледа дека постапиле пред целиот криминал да биде објавен јавно, ама не можат да покријат дека вчера им е поднесен во катастар неколку часа по нашите пријави во МВР.
Срамот да биде поголем во обидот за прикривање докази активно учествуваат Владата и Министерот за внатрешни работи кои наместо да “филозофираат”, треба да постапуваат за да ги фатат криминалците, а не да дозволат тие да ги покријат нивните криминали.
До сега требаше да сте во општината и да ги имате обезбедено сите докази а не да им дозволувате на Висар Ганиу и Изет Меџити да си ги покриваат криминалите и да УНИШТУВААТ ДОКАЗИ!!!
Јавното обвинителство мора да постапи во разоткривање на криминалот кој се случува пред очите на целата јавност. – напиша Арсовска.
Таа во објавата ги означи и амбасадите на САД, Германија и Обединетото Кралство, како и Делегацијата на ЕУ во Македонија.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…
Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…
Од МВР информираат дека се поднесени кривични…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…