Арсовска: Поднесов кривична пријава за „Усје“ пред три години – зошто директорот сè уште не е приведен?

t

Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, повторно ја обвини власта за прикривање на одговорноста на цементарницата „Усје“ за загадувањето на главниот град. Таа на социјалните мрежи објави дека уште пред три години поднела кривична пријава со докази, но институциите, како што вели, и понатаму не преземаат ништо.

„Со докази поднесов кривична пријава за ‘Усје’ пред три години. Дали е приведен директорот на ‘Усје’ за загадувањето на Скопје што го предизвикува континуирано – и зошто не?“ – праша Арсовска во својата објава.

Таа посочи дека денес повторно се забележува облак од чад над Кисела Вода, алудирајќи дека фабриката и натаму загадува без контрола.

Арсовска остро го нападна и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, нарекувајќи го „режимски диктатор“, со тврдење дека „единствената негова наредба за апсење е насочена кон луѓето што го чистеле ѓубрето низ градот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавена осумчасовната програма за „Блокадафест“ пред „Усје“

Иницијативата „Стоп за Усје“ ја објави целосната…

Избувна пожар кај Усје!

Денеска избувна пожар во близина на Цементарница…

„Стоп за Усје“: Општина Кисела Вода лаже,…

Граѓанската иницијатива одржа прес-конференција пред Општина Кисела…

Левица: Здравјето на скопјани чини 21 милиони…

Олигархијата е солидарна кога станува збор за…

(ВИДЕО) Добредојде за сите, освен за Инфомакс:…

ПР тимот на Титан Усје им посака…