НОВО УБИСТВО: Жена пронајдена мртва со прострелна рана во главата!

t

Јавен обвинител Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршија увид на лице место во с. Копаница, скопско, каде беше пронајдено тело на почината 37-годишна жена со прострелна рана во главата.
По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот.


Покрај телото е пронајден пиштол „глог19“, сопственост на нејзиниот сопруг. Лицето веднаш беше обезбедено и Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали, по член 396 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот и притворската мерка е прифатена од Судот.
Во меѓувреме, ОЈО Скопје и СВР Скопје продолжуваат да постапуваат за целосно испитување на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…

Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…

Телото најдено во буре е на српскиот…

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…

Апелација ја укина затворската казна за убиството…

Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…

НОВО УБИСТВО: Жена пронајдена мртва со прострелна…

Јавен обвинител Основното јавно обвинителство Скопје и…