Арсовски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од прв ден започнаа со работа посветено и одговорно, секојдневно се помеѓу граѓаните да помогнат и да ја оправдаат довербата

t

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ веднаш започнаа со работа посветено, одговорно, наместо да се изгубат во своите кабинети, секојдневно ги гледаме на терен, помеѓу граѓаните работат, се трудат, помагаат, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, потенцирајќи дека граѓаните и дадоа доверба на партијата со освоените над 40 градоначалници и тоа мора да се оправда.

– Добивме над 40 градоначалници, тоа е сериозна бројка проследена од довербата на граѓаните која ни ја дадоа заради работењето и чесните и искрени намери. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ одлично си ја работат својата работа и буквално почнаа со реализација на проектите кои ги имаа зацртано во својата програма. Нормално се погоди на крај на тековната година и потешкотии во работењето создаваат истрошените буџети, но кога се сака се може и се наоѓаат начини да функционираат општините и да се излезе во пресрет на граѓаните, рече Арсовски.

Тој нагласи дека веќе од следната година ќе се реализираат вистинските проекти кои ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците ги зацртаа во програмите за да може да им се помогне на граѓаните.

Во однос на работата на Град Скопје, тој посочи дека тој е покомплексен од обична општина, во чиј склоп се и други 10 општини, но и таму прилично добро се почна со работа и функционирање. Арсовски одговори и за критиките за бесплатниот јавен превоз нагласувајќи дека истиот ќе биде реализиран.

– Многу работи изгледаа невозможни според нашите опоненти од СДСМ како и победатана избори, но испадна дека многу работи се возможни. Со добра работа и посветеност се е возможно. Во однос на бесплатниот превоз, верувам дека градоначалничката Арсовска како што ја исцртала траекторијата дека ќе ја оствари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…

Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…