Астероид со големина на зграда утревечер ќе помине многу блиску до Земјата!

t

Релативно мал астероид со дијаметар од 70 метри утре ќе помине близу до Земјата, на половина растојание до Месечината.

Астерoидот 2023 дз2 утревечер прво ќе помине на растојание од 515.000 километри од Месечината, а неколку часа подоцна потоа ќе се приближи на 68.000 километри од Земјата, без да предизвика какви било проблеми. Разминувањето само ќе биде ретка можност за астрономите одблизу да ја проучат вселенската карпа голема колку зграда.

– Нема шанси „градоубиецот“ да ја погоди земјата, но приближувањето ни отвара одлична можност за набљудување – изјави Ричард Моисл, шеф за планетарна безбедност на Европската вселенска агенција. Проектот Виртуелен телескоп ќе го следи движењето на астероидот и ќе го пренесува во живо.

Астрономи од Мрежата за предупредување на астероиди истакнуваат дека е многу ретка појава карпа со вакви димензии да се приближи толку близу до нашата планета. Тие додаваат дека 2023 дз2 повторно ќе се приближи до Земјата во 2026 година, но повторно ќе нѐ промаши.

Астероид со дијаметар од 70 метри и со брзина од 28.000 километри на час би можел да направи голема штета ако директно удри во Земјата. Астероидот не би согорил целосно во атмосферата и би ослободил енергија што може целосно да збрише цел град, еквивалентна на 15 мегатони, односно колку детонација на 1.000 атомски бомби како онаа фрлена врз Хирошима. Со слични димензии бил астероидот што удри во сибирскиот регион Тунгуска во јуни 1908 година. Според проценките, просечната фреквентност на таквите удари е еднаш на 1.900 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џеф Безос: Треба да ја колонизираме Месечината…

Џеф Безос се качи на сцената во…

(Видео) Стивен Спилберг верува дека вонземјаните се…

Еден од најуспешните холивудски режисери, Стивен Спилберг, предизвика…

Екипажот на „Артемис II“ испрати нови фотографии…

Четирите астронаути на мисијата „Артемис 2“ на…

(Видео) Магнетна бура ја погоди Земјата, предизвикувајќи…

Синоќа, Земјата беше погодена од втората магнетна…

Земјата денеска во 14.28 часот ќе биде…

Денеска во 14 часот и 28 минути,…