Атлетико за половина час го реши Реал Сосиедад
Атлетико Мадрид убедливо го доби натпреварот против Реал Сосиедад со 4-0 (4-0) во рамките на 35. коло на шпанската Примера. Пресметката на „Ванда Метрополитано“ ја реши Александер Сорлот уште во првиот половина час.
Резултатот беше отворен по само седум минути игра, кога првпат Сорлот го пронајде патот до мрежата. Следуваа два гола во две минути кои исто така ги постигна Норвежанецот во 10. и 11. минута. Со тоа тој го комплетира најбрзиот хет-трик во историјата на шпанското првенство.
Мина половина час од натпреварот кога Александер Сорлот погоди за 4-0 по асистенцијата на Галан. Овој резултат беше активен на полувремето, а потоа во продолжението норвешкиот напаѓач имаше и шанса за петти гол, меѓутоа погоди пречка на стартот на вториот дел.
Атлетико Мадрид има 70 бода и со оваа победа си го осигура местото во Лигата на шампионите, додека Реал Сосиедад има 43 на 12. позиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Божиновска им се заблагодари на пратениците за…
Министерката за енергетика Сања Божиновска ја поздрави…
Електронски паричник од четврток: Личната карта и…
Граѓаните наскоро ќе можат да ги користат…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
Андоновски за безбедносните недостатоци во ПИОМ: Мора…
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели…
Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент
Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР…