Објавено на:

Африканските лидери бараат од Путин да заврши војната во Украина

t

Војната во Украина мора да заврши, му порача претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса на рускиот лидер Владимир Путин.

Забелешките на Рамафоса дојдоа за време на средбата со Путин во Санкт Петербург, како дел од мировната мисија со уште шест африкански земји.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ рече на делегацијата во петокот дека нема да стапи во преговори со Русија додека тие ја окупираат украинската земја.

Путин им рече на африканските лидери дека Украина отсекогаш одбивала разговори.

На состанокот во Санкт Петербург, Рамафоза, исто така, ги повика двете страни да ги вратат своите воени заробеници и рече дека децата отстранети од Русија треба да се вратат дома.

Путин е обвинет за воени злосторства од страна на Меѓународниот кривичен суд поради принудното отстранување на стотици украински деца од нивните семејства за време на руската окупација на Украина.

Додека африканската делегација повика на враќање на децата во нивните семејства, Путин го прекина нивниот говор и тврдеше дека Русија ги штити.

„Децата се свети. Ги иселивме од зоната на конфликтот, спасувајќи им ги животите и здравјето“, рече тој. ОН соопштија дека имаат докази за нелегално префрлање на стотици украински деца во Русија.

Рамафоса, исто така, го предупреди Путин за влијанијата на војната врз Африка и рече дека тоа треба да се реши со дипломатија.

„Војната не може да трае вечно. Сите војни треба да се решат и во некоја фаза да завршат“, рече тој. „И ние сме тука да пренесеме многу јасна порака дека би сакале оваа војна да заврши”.

Војната сериозно го ограничи извозот на жито од Украина и ѓубриво од Русија, што особено ги погоди африканските земји и ја засили глобалната несигурност во храната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13% од македонските граѓани сметаат дека Украина…

13% од македонските граѓани сметаат дека Украина…

Путин: Америка ја сече гранката на која…

Со воведувањето санкции кон Русија, американските власти…

Путин: Русија во моментов не планира да…

Русија во моментов не планира да го…

Русија не ги зголемува безбедносните мерки за…

Не е планирано да се зголемат безбедносните…

Феноменот „вселенска медуза“ забележан над Русија!

По лансирањето на ракетата-носач Сојуз од космодромот…