Ахмети се жали во амбасадите за случајот со мазутот: „ВМРО-ДПМНЕ ја играат улогата на обвинители од Тему“
ДУИ ја информирале целата локална и меѓународна јавност, амбасадите и организациите за како што велат, политичкиот притисок на власта врз Обвинителството кое ја запре истрагата за злоупотреби со мазутот.
Тие најмногу реагираат на изјавите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој обвинуваше пак за сериозни сомнежи за политичко влијание и блискост на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази и обвинителката Катерина Коларевиќ со СДСМ и ДУИ. Неговата изјава ја нарекуваат скандалозна и слична тие во Северна Кореја, а изјавите ги оценуваат како брутален терор врз правдата.
-Милошоски, познат по слоганите „мртов Албанец, добар Албанец“, „гасна комора за Албанци“, по нарачување судски одлуки, истраги, рации и чистки, а кој беше спасен благодарение на промените во Кривичниот законик, нема никаков морален, политички или правен кредибилитет да зборува за правда. Наместо да покажат храброст, да одлучат за ситуацијата и да прифатат законски одлуки, тие ја играат улогата на ‘тему-обвинители’, иако не го прочитале ниту извештајот на Државниот завод за ревизија, ниту одлуката на Обвинителството. Државниот завод за ревизија нема експертиза за техничка проценка, но ВМРО постојано го заведува јавното мислење. Напротив, Обвинителството обезбеди посебна експертиза и за квалитетот и за штетата. Апелираме до Јавниот обвинител, Здружението на јавни обвинители, Советот на јавни обвинители, судството, правната заедница, САД и ЕУ, како и медиумите, да го осудат овој брутален и неприфатлив терор врз правдата – се вели во реакцијата од партијата.
Минатата недела Обвинителството соопшти дека истрагата за наводни злоупотреби со мазутот, била запрена за Ратко Капушевски и неговата фирма РКМ, Асмир Јахоски – сопственик на „Пуцко петрол“ и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, поранешните директори во ЕСМ, избеганиот Васко Ковачевски и Адриан Муча, Ерџан Сулкоски и уште осум други осомничени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…