Ахмети: Уставните измени се неопходна потреба бидејќи земјава нема друга алтернатива
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска остварил средба со амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Вероник Хулман.
Од партијата велат дека на средбата се разговарало за евроинтеграциите, уставните измени и швајцарската помош на нашата земја.
Воедно, Ахмети ја информирал амбасадорката, Хулман и за интегративниот пат на земјата вклучувајќи го и скринингот процесот, оценувајќи дека Република Македонија ги исполнува условите за продолжување на интегративниот процес.
Усвојувањето на уставните измени е опишано како неопходна потреба бидејќи земјава нема друга алтернатива освен членството во големото европско семејство.
Исто така, претседателот Ахмети изразил благодарност за помошта на швајцарската влада, за континуираната поддршка што и ја нуди на нашата земја преку различните програми кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и демократизацијата на процесите во државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На ГАК годишно се раѓаат од 600…
Ноември е месец посветен на предвремено родените…
Отворени шалтерите на АЛТА банка АД Битола…
Од денеска се отворени шалтерите на АЛТА…
ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ЈА ЗАГРОЗУВААТ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО…
Последниот пресек на состојбата во македонската индустрија…
30 дена кризна состојба во Крива Паланка:…
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,…
ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НА…
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…