Ацевски: Плаќаат камиони и тримери од час, а Ѓорче повалкано никогаш не било! Имаме решение за зеленилото и хигиената
Во делот на зеленилото и хигиената, нудиме системско решение. Ќе почнеме со редовно одржување на јавните површини, нема да чекаме проблемот да ескалира, вегетацијата да нарасне до тој степен да не можат општинските служби па да изнајмуваат тримери за 1200 денари од час, истакна во гостуваење во Вистинска телевизија кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски.
„Потребно е редовно одржување на зелените површини, ќе изнајмуваме дополнителни ресурси за справување со отпадот во случај на затајување на работата на ЈП Комунална хигиена. И сега Ѓорче Петров изнајмува камиони, но тие се плаќаат од час, а Ѓорче повалкано никогаш не било. Она што ќе го направиме е за почеток, таквите камиони да се плаќаат по учинок, односно по количина на собран отпад и депониран во Дрисла, така кажува економската логика“, вели Ацевски.
Тој нагласи дека потребна е комуникација со Градот Скопје и останатите институции, меѓутоа искуството покажа дека Општината мора сама да биде спремна да се справи со проблемите во секакви ситуации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…