Ацевски: Стојкоски под превезот „населба за млади“ подготвува нова бетонизација на Ѓорче, таргет земјиштето кај црквата Св. Архангел

t

Под превезот населба за млади брачни двојки, во плановите на Градоначалникот Стојкоски се крие уште една нова бетонизација, овој пат на ридот во Ново Село, веднаш до црквата Свети Архангел – Гаврил. – изјави кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров за Општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, Костадин Ацевски

На оваа локација и на истата парцела каде што се најавува продажба на државно земјиште по претходна урбанизација, со нива се стекнал и инвеститорот Селмани кој ги поседува маркици за изградба на највисоките згради во Ѓорче Петров со 21 кат и 18 ката во спорно и шверцерски донесениот ДУП СЗ 16.

Ова е имотниот лист број 91783 со кој се потврдува дека Бејтула Селмани, брат на Имер Селмани, се стекнал со сопственост на 5446 метри квадратни на парцелата 1178/1 и станал сосопстевеник со Република Македонија во март месец 2022, односно на почетокот на мандатот на Александар Стојкоски.

За да се расчистат дилемите во јавноста градоначалникот Стојкоски треба да одговори:

Дали населбата за млади брачни двојки предвидува урбанизација и носење на ДУП за парцелата 1786/1?

Дали сосем случајно инвеститорот се стекнал со нива на оваа парцела за која сега се планира носење на ДУП по превезот населба за млади брачни двојки?

Дали станува збор за уште еден претходно договорен компромис со инвеститори?

Доколку Стојкоски не одговори на овие прашања, само ќе потврди дека станува збор за уште нова бетонизација на Ѓорче.

Почитувани сограѓани, ве повикувам, на 19 октомври, за го заокружите бројот 5, и заедно да ја спречиме бетонизацијата на Ѓорче, која години наназад го нарушува квалитетот на живот граѓаните.

Во мојот мондат ќе работиме на хуман развој на Ѓорче, развој каде што човекот ќе биде пред профитот! – додава Ацевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…