Ајварот годинава ќе биде луксуз

t

Ајварот годинава ќе биде луксуз. Метар кубен дрва се продава за 4 500 денари, зејтинот скокна на 150 до 170 денари, а неизвесна е и цената на ајварската пиперка. Штипјани велат дека ретко кој ќе може да си дозволи да го приготви овој кулинарски специјалитет.

– Ќе прават некои што имаат, ама не е како порано да има за сите. Сега се прави селекција, кој има, има, а тие што немаат не може ни сега да си купи патлиџани, ако зема пензија 9 000 денари, што ќе направи.

– Не се сите со исти примања. Има некои со мали, а некои со високи примања. Тие што немаат ќе си глеаат само сеир.

– Не, зашто нема пари. Дрвата се качија, се се покачи, што ќе правиме. Земаме колку да прежевееме.

Производителите на пиперки пак тврдат дека родот годинава ќе биде со одличен квалитет, а цените ќе останат приближно како лани.

– Ние имаме садено ајварски и јас мислам дека пиперките нема да бидат скапи и нема да има толкава бојазност од цената на пиперките отколку на зејтинот, изјави производител на ајварски пиперки.

Минатата година за приготвување на една тегла ајвар беа потребни 170 денари, а се продаваше по цена од 300 денари. Килограм ајварски пиперки чинеа 50, а зејтинот 70 денари.

Извор: sitel.com.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…

Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…

Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…

Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…

Владата не може да ги обезбеди законски…

КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата…

Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата…