А кој друг? Кипре прв стигна во Краков, очекува утре и задутре градот да стане „македонски“
Еден од најпознатите македонски навивачи, Горан Кипријановски, се чекираше во Краков, Полска. Популарниот Кипре веќе со децении е дел од сите големи спортски натпреварувања на кои игра македонска репрезентација или некој наш клупски колектив, па не е ни чудно што веќе е во градот домаќин на светското првенство во ракомет на кое ќе игра и Македонија.
„Засега е тивко во Краков. Времето е пријатно, околу три степени. Очекувам утре и задутре да пристигнат голем број на македонски навивачи и да биде направена препознатливата атмосфера секогаш кога игра нашата репрезентација“, беше пораката на Кипријановски од Краков.
Според проценките, за првиот меч на Македонија против Норвешка в петок, на трибините се очекува да има околу 800 навивачи во црвена и жолта комбинација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…