А можеа и да не набават? СДСМ се испофалија: Обезбедивме храна и струја за тешката зима

t

Од владејачката СДСМ во соопштение за јавноста известуваат дека со, како што велат тие, одговорните политики на Владата успеале да обезбедат храна, електричн, топлинска енергија и енергенси за зимата.

Во продолжение соопштението на СДСМ:

Владата предводена од СДСМ во пресрет на најтешката зима, со одговорни мерки и политики обезбедува стабилно и сигурно снабдување со храна, енергенси, електрична и топлинска енергија.
Граѓаните да бидат спокојни, ќе биде тешка зима, но криза за храна и основни продукти нема да има.


Го зголемуваме домашното производство на храна, со исклучително добрата регионална соработка се гаранатира дека нема да има недостиг на храна во земјата.
Обезбедени се средства, во претстојната зима да има доволно за сите потреби за енергенси и топлинска енергија.


На регулираниот пазар на електрична енергија, покрај домаќинствата и компаниите – мали потрошувачи, вклучени се и сите основни и средни училишта и здравствени институции, со што обезбедуваме непречена настава со физичко присуство и здравствени услуги за сите граѓани.
Над 600.000 домаќинствата плаќаат само 20% од потрошената електрична енергија. 80% е субвенција од државата.
Над 70.000 компании и други правни субјекти со годишен промет до два милиони евра добиваат субвенционира електрична енергија, три пати пониска од берзанската.
Одобрени се 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, за непречено снабдување на Град Скопје со парно греење во текот на претстојната зима.


Се водат преговори во регионот, за да се увезе електрична енергија по цена помала од берзанска, како и енергенси за производство на струја, за приватниот сектор.
Со ефикасни, навремени мерки се грижиме за сите подеднакво. За надминување на последиците од глобалната енергетска криза, им помагаме на граѓаните, компаниите, училиштата, болниците, соопштуваат од СДСМ.

Од СДСМ наведоа дека во локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ се зголемуваат давачките за граѓаните и дека партијата го блокира Собранието, што според нив е на штета на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со глас за европската коалиција граѓаните ќе…

Клучното прашање на овие избори е одлуката…

Главното прашање на овие избори е европската…

Главното прашање на овие избори е европската…

СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е…

ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните,…

Демири : СДСМ им дава шанса на…

СДСМ им дава шанса на младите, а…

СДСМ: Со ДПМНЕ е можно само враќање…

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад…