Бадник и Божиќ: Најрадосни денови за народот, денови за благослов и благодарност

t

Бадник се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Бадник се слави еден ден пред Божиќ и со коледарските огнови и со малите деца коледарчиња се најавува Рождеството Христово.

Бадник претставува ноќ на мирот, радоста и на сплотеноста. Овој празник е поделен на два дела – периодот од полноќ до пладне на 6 јануари е Коледе, а од пладне до полноќ се слави Бадник.

Бадник паѓа на 6 јануари секоја година, а Божиќ на 7 јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден — Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и божиќните пости.

Божиќ е најрадосниот празник за Македонците. Првиот ден е секогаш 7 јануари и се празнува три дена. Луѓето се поздравуваат со: „Христос се роди!“, а се отпоздравуваат со: „Навистина се роди!“

Македонскиот народ со многу внимание и почит го празнува Божиќ, кој започнува да се слави со Бадник.

Денот наспроти Божиќ се празнува со низа обичаи. Со традиционална бадникова посна трпеза, со желби за многу здравје, среќа и бериќет во претстојната година и годинава православните христијани ќе ги дочекаат божикните празници, претежно во кругот на најблиските.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и…

Ви благодарам на сите за присуството. Го…

Сиљановска-Давкова им го честиташе Божиќ на граѓаните:…

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска упати…

Путин им го честиташе Божиќ на православните…

Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава присуствуваше…

Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански…

Верувања за Бадник – ништо не треба…

Веселите, распеани коледарчиња го најавуваат бадниковото утро.…