Балканците рушат рекорди: Дончиќ стана прв играч во историјата на НБА со 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар!
Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ, постави рекорд во НБА. Словенецот ноќеска на натпреварот против Њујорк стана првиот играч во историјата на лигата со 60 поени, 21 скок и 10 асистенции на еден натпревар.
Пред него, никој во лигата не успеа да постигне 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар.
Дваесет и тригодишниот Дончиќ во сезоната 2022/23 има просек од 32,8 поени, 8,3 скока и 8,7 асистенции по натпревар.
Кошаркарот е еден од главните претенденти за наградата играч на сезоната во НБА.
Далас го доби натпреварот со 126:121 по продолжение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Никси го освоија Тексас и по половина…
Кошаркарите на Њујорк Никси се нови шампиони…
Јокиќ не запира: Во 24 часа постигна…
Никола Јокиќ еден ден откако оствари рекорд на…
Далас експлодира и го растури Бостон со…
Малкумина очекуваа дебакл на Бостон од Далас…
Почина легендарниот кошаркар Џери Вест – ликот…
Легендарниот американски кошаркар Џери Вест, по кого…
Ке биде ли младиот Андреј Јакимовски вториот…
Најдобриот млад кошаркар на Македонија, Андреј Јакимовски …