Објавено на:

Балотели: Јас ги направив Меси и Роналдо со 12 „златни топки“

t

Марио Балотели се сложува со мислењето на неговиот поранешен менаџер кој тврди дека тој е виновен за тоа што Лео Меси и Роналдо имаат многу златни топки.

Балотели низ кариерата имаше сериозен проблем со својот карактер, имаше конфликти со повеќето менаџира, а најексплозивен период имаше во Сити кога неколкупати имаше конфликт со Роберто Манчини.

Во разговор за еден медиум од Италија, Балотели признава дека во недостаток на дополнителен труд, допринел Лео Меси и Кристијано Роналдо да имаат вкупно 12 златни топки.

Мино Раиола пред смртта често знаеше да каже дека поради Балотели, споменатите двајца се далеку неприкосновени.

„Реално, тој секогаш ми го зборуваше истото, дека поради мене Меси и Роналдо имаат толку трофеи и златни топки, тоа е моја вина. Беше во право, пречесто играв со 20% од своите можности“, порача Марио Балотели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ја укинаа забраната за летови, се…

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…

ЗАКОПАНИ МИЛИОНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО УНГАРИЈА – запленети…

Унгарската Национална служба за обновување и заштита…

Трамп ќе се сретне со Путин и…

Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…

Не им требаат било какви работници –…

Европскиот пазар на труд се соочува со…

Денес се празнуваат Светите Козма и Дамјан

Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и…