Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили
Естонија, Литванија и Летонија ги затворија границите за возила регистрирани во Русија, се вели во денешното официјално соопштение за печатот на владата во Талин. Во согласност со насоките на Европската комисија, од утринава никој не може да влезе во Естонија со автомобил со руски регистарски таблички, соопшти МВР.
Трите балтички држави ги применуваат истите правила како мерка на претпазливост против руската инвазија на Украина. Автомобилите со руски регистарски таблички не можат да ги преминат надворешните граници на трите земји, членки на НАТО и ЕУ, а во случај да не се свртат и да се вратат таму од каде што дошле, може да бидат одземени.
Има исклучоци од правилото, како во случајот на транзит до руската ексклава Калининград. Изземени се и автомобилите кои припаѓаат на дипломатско-конзуларните претставништва. Автомобилите со руски таблички можат да ги напуштат балтичките земји и да ја преминат надворешната граница на ЕУ доколку се користат исклучиво како превозно средство.
На 8 септември, Европската комисија појасни дека, како дел од европските санкции против Русија, возилата регистрирани во Русија повеќе не можат да влезат на територијата на ЕУ, ниту за приватни, ниту за комерцијални цели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Возачите научија каде се камерите на…
Полициските возила ќе станат мобилни камери за…
Ја убил 17 годишната девојка во Богданци,…
Изгореното безживотно тело кое вчера било пронајдено…
До недела стабилно време, за викендот утринската…
До недела времето ќе биде стабилно, со…
„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски…
Македонскиот режисер Милчо Манчевски освои една од…
Уапсена мајка осомничена за убиство на едногодишната…
Полицијата во Нови Сад ја уапси 33-годишната…