Банката на Русија очекува послаб економски раст и повисока инфлација
Аналитичарите ја намалија прогнозата за економскиот раст на Русија во 2026 и 2027 година, а истовремено ги зголемија очекувањата за инфлацијата, покажува јулското макроекономско истражување на Банката на Русија.
Според новите проценки, руската економија во 2026 година ќе порасне за 0,5 проценти, наместо претходно очекуваните 0,7 проценти, додека за 2027 година се предвидува раст од 1,2 проценти, наместо 1,5 проценти.
Во исто време, прогнозата за инфлацијата е зголемена. Аналитичарите очекуваат потрошувачките цени во 2026 година да пораснат за 6,2 проценти, а во 2027 година за 4,6 проценти. Според проценките, инфлацијата би можела да се доближи до целното ниво на Банката на Русија дури во 2028 и 2029 година.
Во извештајот се наведува и дека се очекува намалување на вредноста на рускиот извоз. За 2026 година прогнозата е намалена на 510 милијарди долари, а во 2027 година се очекува дополнителен пад на 483 милијарди долари, што би било околу 10 проценти помалку во споредба со периодот пред почетокот на војната во Украина.
Невработеноста, според прогнозите, ќе остане на историски ниско ниво од 2,2 проценти во 2026 година, но постепено ќе се зголемува и до 2029 година би можела да достигне 2,8 проценти. Се очекува и продолжување на растот на реалните плати, но со побавно темпо во наредните години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелските медиуми со различни резултати од излезните…
Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху…
ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски,…
Очигледно вечерва во СДС на смена е…
Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…
Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…
Песков: Путин и Трамп не разговарале за…
Претседателите на Русија и на Соединетите Американски…
Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…
На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…