Објавено на:

Бајден испраќа воjcка и вoeна опрема во балтичките земји

t

Американскиот претседател Џо Бајден вечерва најави дека ќе испрати дел од американските војници во Европа во балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија.

Како што вечерва потврди за Гласот на Америка висок функционер на американското Министерство за одбрана, станува збор за припадници на воздухопловните сили и армијата на САД кои ќе бидат префрлени оваа недела.

Според неофицијални, но сигурни информации, 800 американски војници ќе бидат префрлени од Италија на Балтикот, 8 борбени авиони Ф-35А ќе бидат префрлени од Германија на неколку источноевропски локации, 20 борбени хеликоптери Апачи ќе бидат префрлени од Германија на Балтикот и уште 12 вакви хеликоптери ќе бидат префрлени од Грција во Полска. Со оглед на фактот дека Русија има околу 150.000 војници на границите на Украина, јасно е дека ова е симболичен потег на администрацијата на Бајден.

„Ова се одбранбени маневри, немаме намера да се бориме со Русите, но ќе ја браниме секоја педа од територијата на земјите-членки на НАТО“, изјави вечерва американскиот претседател Бајден, објави Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…