Објавено на:

Бајден нареди да се зaпленат седум милијарди долари авганистански средства во САД

t

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја потпиша извршната наредба за заплена на седум милијарди долари од средствата на авганистанската Централна банка депонирани во САД и има намера половина од оваа сума да ја резервира за семејствата на жртвите на 11 септември, соопшти Белата куќа.

Американскиот претседател го користи „вонредните економски овластувања“, согласно законот од 1977 година со кој може средства од блокирана сметка да ги трансферира во Федералните резерви во Њујорк. Средствата на Централната банка најчесто ги сочинуваат финансиските инструменти, девизи или злато. Половината од оваа сума треба да се резервира за обештетување на семејствата на жртвите на 11 септември 2001 година.

Според идејата на Бајден, втората половина ќе биде наменета за хуманитарна помош за Авганистан, но таа треба да се исплати на начин да не падне во рацете на талибанците, објаснуваат од Белата куќа.

„Многу е важно да се земат 3,5 милијарди долари одеднаш и да се осигура дека ќе бидат потрошени за доброто на авганистанскиот народ, истовремено гарантирајќи им на семејствата на жртвите на тероризмот дека нивниот глас ќе се слушне пред американското федерално правосудство“, изјави висок претставник на Белата куќа.

Тој признава дека станува збор за „судски сложена“ ситуација и посочи дека денешното соопштение е само почеток на процесот што ќе трае со месеци. Методот што го избра американскиот претседател сигурно ќе предизвика бројни контроверзии во време кога Авганистан се соочува со тешка хуманитарна криза.

Резервите на Централната банка на Авганистан во април 2021 година изнесуваа 9,4 милијарди долари, според податоците на Меѓународниот монетарен фонд. Оваа сума беше депонирана во странство, а најголемиот дел во САД, пред талибанците да се вратат на власт кон крајот на август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа со коментар за кандидатурата на…

Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во…

САД ставија вето: Засега нема крај на…

Синоќа, САД ставија вето на резолуцијата во…

Бајден откри колку американски војници има во…

Во Европа има неколку десетици илјади американски…

„Ќе ги испратиме вашите синови да се…

Познатиот американски новинар Такер Карлсон на социјалната…

(Видео) ЕКСПЛОЗИИ кај американската амбасада во Багдад!

Околината на американската амбасада во специјално обезбедената…