Бајден најави нова поддршка: Колумбија ќе стане главен сојузник на НАТО
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека има намера да и додели на Колумбија статус на главен сојузник на Соединетите Американски Држави надвор од НАТО.
„Денеска, горд сум што можам да објавам дека имам намера да ја прогласам Колумбија за главен сојузник надвор од НАТО… Тоа сте вие“, рече тој на средбата во Белата куќа со колумбискиот претседател Иван Дјук.
Претходно, на почетокот на месецов, во близина на туристичкиот град Картагена се одржа заедничка воена вежба на американската нуклеарна подморница „Минесота“ и бродот „Билингс“ со колумбиската морнарица. Како што објави по тој повод колумбискиот весник „Ел Тиемпо“, заедничката вежба ја покажа силата на алијансата во која Колумбија е најважниот воен партнер на САД надвор од НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…