Бајден на комеморација за масакрот во Тексас побара забрана на автоматското оружје
На комеморација во Белата куќа по повод првата годишнина од масовното убиство во училиштето во Увалде, во сојузната држава Тексас, американскиот претседател Џо Бајден го повтори својот повик за забрана за продажба на автоматско оружје.
Претседателот, во придружба на сопругата Џил, кажа дека тоа е „тежок ден“ за семејствата додека гореа 21 бела свеќа во спомен на 19-те деца и двајцата наставници кои беа убиени од 18-годишник во основното училиште Роб во Увалде.
-Важно е да се потсетиме, но и многу болно, рече 80-годишниот демократ, познат по своето сочувство за ожалостените семејства бидејќи и самиот изгубил мала ќерка и возрасен син.
Американскиот претседател повторно повика на усвојување на „разумни закони за огнено оружје“, особено за забрана за многу популарното полуавтоматско оружје од типот АР-15.
-Премногу места од секојдневниот живот станаа места на криминал во САД, предупреди претседателот, истакнувајќи дека огненото оружје сега е водечка причина за смрт кај децата во САД.
„Секаде го слушаме истото: Направи нешто, побогу, направи нешто!“, рече тој.
Но, неговиот повик, колку и да е сериозен, нема големи изгледи да донесе конкретни промени. Републиканците, кои контролираат еден од двата дома на Конгресот, се противат на какво било заострување на законите за оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…