Објавено на:

Бајден: Поминуваме низ мрачен час од нашата заедничка историја

t

„Ова повеќе не е само европско прашање, тоа е глобално прашање”, рече Бајден денеска во Токио на почетокот на самитот групата Квад (САД, Јапонија, Австралија и Индија).

Американскиот претседател Џозеф Бајден на денешниот самит на индо-пацифички лидери им порача на дека светот минува низ „мрачен час од својата заедничка историја” поради бруталната руска војна во Украина и ги повика да вложат поголеми напори за да се запре агресијата на Владимир Путин.

„Ова повеќе не е само европско прашање, тоа е глобално прашање”, рече Бајден денеска во Токио на почетокот на самитот групата Квад (САД, Јапонија, Австралија и Индија).

Иако тој директно не именуваше ниту една земја, неговата порака се чини дека барем делумно беше насочена кон индискиот премиер Нарендра Моди, со кого се уште има разлики околу одговорот на руската инвазија. За разлика од другите земји во Квад, и речиси секој друг американски сојузник, Индија не воведе санкции, ниту ја осуди Русија, нејзиниот најголем снабдувач на оружје.

Бајден нагласи дека светот има заедничка одговорност да направи нешто за да му помогне на украинскиот отпор против руската агресија.

„Поминуваме низ мрачен час од нашата заедничка историја. Бруталната и неиспровоцирана војна на Русија против Украина создаде хуманитарна катастрофа и невини цивили беа убиени на улиците, а милиони беа внатрешно раселени и во егзил. Светот мора да се справи со ова и ние го правиме тоа”, рече Бајден.

Белата куќа пофали неколку земји од Пацификот, вклучително и Јапонија, Сингапур и Јужна Кореја, за воведувањето на остри санкции кон Русија со забрани за извоз и нудење хуманитарна и воена помош за Киев.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида, им порача на другите лидери: „Не можеме да дозволиме истото да се случи во индо-пацифичкиот регион”.

Белата куќа е разочарана од релативното молчење на Индија.

Бајден го повика Моди да не го забрзува купувањето на руска нафта, бидејќи САД и другите сојузници се обидуваат да ги ограничат руските енергетски приходи.

Индискиот премиер не се обврза јавно да го запре снабдувањето со руска нафта.

Соочена со западните притисоци, Индија го осуди цивилното страдање во Украина и повика на итен прекин на непријателствата. Индискиот премиер во своето обраќање на самитот не зборуваше за руската војна против Украина.

Самитот се одржа на последниот ден од петдневната посета на Бајден на Јапонија и Јужна Кореја, неговото прво претседателско патување во Азија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа со коментар за кандидатурата на…

Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во…

САД ставија вето: Засега нема крај на…

Синоќа, САД ставија вето на резолуцијата во…

Бајден откри колку американски војници има во…

Во Европа има неколку десетици илјади американски…

„Ќе ги испратиме вашите синови да се…

Познатиот американски новинар Такер Карлсон на социјалната…

(Видео) ЕКСПЛОЗИИ кај американската амбасада во Багдад!

Околината на американската амбасада во специјално обезбедената…