Бајден: Путин веќе ја изгуби војната во Украина
Американскиот претседател Џо Бајден одржа заедничка прес-конференција со финскиот претседател Саули Ниинисто во Хелсинки. Тој порача дека војната во Украина не треба да продолжи со години, наведувајќи дека Владимир Путин веќе изгубил, пишува Си-Ен-Ен.
„Нема шанси да ја добие војната во Украина. Тој веќе ја изгуби таа војна“, рече Бајден на прес-конференција.
Додаде дека не мисли оти војната ќе продолжи со години бидејќи Русија не може да ги одржува своите ресурси толку долго, а Путин веројатно на крајот ќе одлучи дека тоа не е во интерес на Русија во економска, политичка или во некоја друга смисла.
Првиот човек на САД исто така рече дека нема голема веројатност Путин да употреби нуклеарно оружје за да ја подобри својата позиција на линијата на фронтот по неуспешниот бунт на групата Вагнер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…