Бајден: Русија изврши ужасен воздушен напад врз Украина, САД продолжуваат со подршката за Киев
Русија изврши ужасен воздушен напад врз Украина со речиси 200 ракети и дронови а против украинските градови и енергетската инфраструктура, лишувајќи ги украинските граѓани од пристап до електрична енергија, соопштија синоќа од Белата куќа.
Во соопштението, потпишано од претседателот Џо Бајден, се вели дека „овој жесток“ напад е уште еден потсетник за итноста и важноста на поддршката за украинскиот народ во нивната одбрана од руската агресија.
На овој ден, мојата порака до украинскиот народ е јасна: Соединетите Американски Држави стојат покрај вас. На почетокот на оваа година и по моја наредба, САД започнаа со приоритетен извоз на противвоздушна одбрана за Украина. Министерството за одбрана достави стотици дополнителни ракети за противвоздушна одбрана до Украина и понатамошни испораки се во тек, соопшти Бајден.
-Мојата администрација работи со месеци да помогне на Украина да биде поотпорна со нејзината енергетска мрежа а во подготовка за зимата, додека Министерството за одбрана продолжува да испраќа други критични капацитети до Украина, вклучувајќи артилерија, ракети и оклопни возила.
Бајден изјави дека Русија продолжува да ја потценува храброста, отпорноста и решителноста на украинскиот народ.
-Соединетите Американски Држави, заедно со повеќе од 50 земји, ја подржуваат Украина и нејзината борба за слобода.
Милиони Украинци останаа без електрична енергија во рускиот напад претходната ноќ, за кој рускиот претседател Владимир Путин рече дека е одмазда за употребата на американски ракети HIMARS од страна на Украина врз воени цели на руска територија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…
Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…
Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…
Трамп: „Војната со Иран ќе заврши по…
Во време кога војната со Иран почнува…
Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…
Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…