Бајден: Трамп е менлатно неподобен за претседател
За време на говорот на вечера во клубот Гридирон во Вашингтон, американскиот претседател Џозеф Бајден го критикуваше поранешниот претседател Доналд Трамп, правејќи шеги за неговата ментална подготвеност за претседателската функција, објавија американските медиуми.
Бајден (81) е најверојатниот претседателски кандидат на Демократската партија за овогодинешните претседателски избори и ќе се соочи со својот републикански противник Доналд Трамп (77) во реванш во ноември.
„Едниот кандидат е премногу стар и ментално неподобен да биде претседател, а другиот кандидат сум јас“, се пошегува Бајден.
Потоа, сепак, стана сериозно кога го обвини Трамп дека ја „уништува економијата“ во 2020 година и дека ја посрамотил Америка во светот.
„Би сакал и тоа да беше шега, но не беше“, рече Бајден, пренесува Политико.
Според американските медиуми, Бајден се обидува да им се надоврзе на гласачите за да го зголеми својот низок рејтинг и да ја ублажи загриженоста дека е премногу стар за повторно да се кандидира за Белата куќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…
Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…