Бајден: Училиштата и болниците станале „бојни полиња“
Џо Бајден го повика Конгресот да преземе акција за контрола на оружјето, велејќи дека училиштата и болниците станале „бојни полиња“
Само еден ден по уште еден масакар на петмина убиени во Тулса, Оклахома, претседателот Џо Бајден зборуваше во Белата куќа, откако претходно помина меѓу свеќи наредени во два реда во спомен на жртвите од оружје низ Америка.
Кон крајот на мај, 19 деца и двајца учители беа убиени во основно училиште во Увалде, Тексас, а неколку дена претходно, вооружен маж уби 10 луѓе во супермаркет во Бафало, Њујорк.
Бајден ги повика пратениците да донесат одлука за забрана за офанзивно оружје и да ја зголемат возраста за купување оружје од 18 на 21 година. Тој го повика Конгресот да ги засили проверките за набавките на оружје и да им дозволи на властите да одземат оружје од оние кои би можеле да претставуваат закана за нив или за другите.
Иако во Претставничкиот дом се водат дводомни разговори и за новите закони за оружје ќе се гласа следната недела, Бајден не изгледа оптимист за нивното усвојување, бидејќи Сенатот е поделен со 50 спрема 50, а нацрт-законот мора да помине со најмалку 60 гласови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…