Објавено на:

Бајден ќе го пропушти крунисувањето на Чарлс Трети

t

Бајден ќе го пропушти крунисувањето на кралот на Велика Британијам, Чарлс III. Церемонијата ќе се одржи на почетокот на мај, но американските медиуми сугерираат дека претседателот на Соединетите Американски Држави нема да присуствува.

И покрај тоа што планира да патува во Северна Ирска следниот месец, Бајден се очекува да се врати во САД само неколку дена пред пристигнувањето на кралот Чарлс за да ја прослави 25-годишнината од Договорот од Велики петок.

Кој ќе патува во Лондон на местото на Бајден?
Според извештаите, Бајден ќе побара од првата дама Џил или од потпретседателката Камала Харис да присуствуваат на крунисувањето на 6 мај.

„Сметаме дека претставникот ќе биде првата дама или потпретседателот“, изјави извор за Дејли Мејл.

Според Дејли, Дам Карен Пирс, британската амбасадорка во САД, и претставници на Бакингемската палата биле вклучени во „срдечни и дипломатски“ разговори со американската влада за организирање на делегацијата.

Во меѓувреме, принцот Хари и Меган Маркл исто така се поканети да присуствуваат на церемонијата, но тие допрва треба да потврдат дали ќе отпатуваат во Велика Британија на крунисувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Трамп: „Војната со Иран ќе заврши по…

Во време кога војната со Иран почнува…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

Американската компанија „Ковенант“ ќе произведува крстосувачки ракети…

Американскиот одбранбен контрактор „Ковенант“ планира да отвори…