Без гајле: Владата ќе го балансира покачувањето на цените – вели министерот Бесими

t

Министерот за финансии Фатмир Бесими во ексклузивно интервју за indeks.mk зборува за поскапувањето на нафтените деривати и струјата.

Тој рече дека растот на цените на европските берзи влијае и на цените во Република Северна Македонија.

„На ист начин ни се пренесуваат и цените кои растат на европските берзи. Сите извори на енергија, нафтени деривати, електрична енергија, природен гас итн. До сега имаше поскапување на цените, ама не 10 или 20 проценти.

Ова сега за мене е алармантно со она што се случува на енергетскиот пазар и во таа насока денеска има средба во Владата со претставници, не само на економските ресори, туку и со надворешни експерти, на која разговаравме за ситуацијата и подготвуваме мерки кои во наредните денови Владата ќе ги презентира, како да се влијае, балансира и амортизира поскапувањето на основните производи но и на енергенсите”, изјави Бесими за indeks.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од полноќ големо поскапување на дизелот

Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат…

Ова се цените на горивата во Европа,…

Европските влади дискутираат за воведување на данок…

Европа пред тешка зима: Растат цените на…

Европа повторно се соочува со непријатна комбинација…

Цената на нафтата се зголеми, откако САД…

Цените на нафтата утрово се тргуваа за…

Европа се соочува со нов раст на…

Европа повторно се соочува со летен топлотен…