Без коментар: Четири тепачки меѓу малолетници за еден ден
Синоќа во полиција се пријавени одделни случаи во кои малолетници нападнале други други.
Синоќа околу 22,40 часот во Полициско одделение Петровец, И.К.(36) од Скопје пријавила дека околу 21.00 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Илинден, по претходна расправија, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четири лица.
Во 19.40 часот во Полициска станица Куманово, Л.Н.(42) од с. Тромеѓа, кумановско, пријавила дека околу 11.00 часот, додека била на училиште, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа во 20,30 часот во Полициска станица Гевгелија, Б.Б.(51) од Гевгелија пријавила дека околу 17.00 часот во дворот на основно училиште во Гевгелија нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 22.00 часот во СВР Скопје, Х.И.(51) од Скопје, пријавила дека претходниот ден околу 22.30 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување и на овој случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чаши и флаши летале во велешки кафе-бар,…
Групна тепачка се случила вчеравечер во кафе-бар…
Инцидент во Шуто Оризари: Физички нападнал сограѓанин,…
Полицијата синоќа уапси 32-годишен жител на Скопје,…
Вработен во маркет си го натепал колегата
На 16.05.2026 во 19:00 часот, Ѓ.К.(24) од…
Малолетник уценувал девојче да му праќа експлицитни…
Вчера во полицијата пристигнала пријава дека од…
МВР преку снимките од „Пјур“ ќе утврдува…
Полицијата ќе ги бара снимките од камерите…