Без оглас Ковачевски доделил тендер вреден 19 милиони евра среде kpиза

t

Државната компанија за производство на струја АД ЕСМ или поранешно ЕЛЕМ склучи спогодба и договор во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со Марковски Компани, во вредност од 1,5 милијарди денари или скоро 19 милиони евра, покажува документацијата од надлежните институции што ја обезбеди Фокус.

Според официјални податоци, се работи за склучување на рамковна спогодба со еден економски оператор за период од 12 месеци, која се однесува за „проширување на изработка на усек за раздвојување во ПК ПЈС“, врз основа на која, пак, потоа е склучен и договор меѓу АД ЕСМ и Марковски Компани.

Претходно, државните електрани побарале и добиле позитивно мислење од Бирото за јавни набавки за да спроведат постапка по пат на директни преговори, бидејќи, како што стои во одлуката, поради крајна итност и непредвидени работи не можат да се запазат роковите предвидени во таканаречената отворена постапка со објавување на оглас.

Инаку, оваа непосредна спогодба вредна скоро 19 милиони евра доаѓа во време кога државата се соочува со сериозна енергетска криза, поради која се обидува да увезе јаглен од странство, а во меѓувреме во неколку наврати влече струја од европскиот систем.

Паралелно со тоа, државната компанија за производство на струја информираше дека, како дел од мерките за намалување на трошоците, ќе испрати работници на принуден одмор во период од максимум 3 месеци, кога ќе добиваат 70 отсто од платата.

Во однос на тоа реагираше опозицијата, истакнувајќи дека дома се праќаат луѓе кои, според нив, се партиски неподобни, поради што ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од директорот Васко Ковачевски.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ: Поради пукната цевка, блокот со кој…

Во текот на изминатиот период, како резултат…

Бислимоски: Државата можеше, ама не изгради големи…

Во 30 години независност Македонија како држава…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…