Бектеши: Наплатата на струја во Арачиново е 87%

t

Министерот за економија, Крешник Бектеши, синоќа како гостин во студиото на МРТВ рече дека е зголемена наплатата на потрошена електрична енергија во Арачиново, но и дека и натаму важи договороот со ЕВН според кој на граѓаните им се оставила можност претходните долгови да се плаќаат на рати.

– Долгот не е простен. Направен е рамковен договор од ЕВН кон сите потрошувачи за одреден период  да се исплаќа. Тоа е затоа што имаше проблеми во делот на фактурирање од ЕВН кон потрошувачите. И тоа не се случува само во Арачиново., рече министерот.

Според Бектеши со новопоставената технологија на наплата и пресметка на потрошена електрична енергија, наплатата на ЕВН во Арачиново се зголемила од 20 на 87 отсто

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Арачиново се менува со конкретни проекти…

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…

Нов случај на западнонилска треска и во…

Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска…

МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во…

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов,…