Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

t

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Во вечерашното гостување на телевизија Телма, Бектеши рече дека постои документ на кој се потпишани Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ и Али Ахмети од ДУИ, во кој пишува дека политичките партии што се потписници нема да прават коалиција со политичка партија која нема да ги направи уставните измени такви какви што се моментално предложени.

Исто така, додава Бектеши, во документот стои дека нема да коалицираат со политичка партија која јавно искажува ставови против членување на нашата држава во Европската Унија и е кочничар на интеграцијата на нашата држава.

– Мислам дека другите потписи се од Влен и од Европскиот фронт, но за господинот Таравари и господинот Ахмети знам, бидејќи знам конкретно и кој го доставил документот, како го доставил, кој му бил ставот и кога е потпишан бидејќи, како близок соработник на господинот Ахмети и сум учествувал на такви средби – рече Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата најави можност за докуп на до…

Граѓаните на кои им недостигаат до 24…

Владата прави методологија струјата да не поскапи,…

Владата прави методологија за да се задржи…

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…

Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…

Владата излезе со јасен став во врска…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…