Бектеши: Следува замрзнување на цените во прехранбената индустрија
Ќе се забрани акциска и промотивна продажба во маркетите до 30 ноември, следува замрзнување на цените во прехранбената индустрија.
Министерството за економија предложи да се забрани да се нуди акциска и промотивна продажба од страна на сите синџири на трговци во државата до 30 ноември, а од следната недела ќе предложи и замрзнување на цените на производите во прехранбената индустрија. Тоа според министерот за економија Крешник Бектеши ќе доведе до линеарно намалување на цените за минимум 10 отсто.
Трговците, како што кажа Бектеши, нема да знаат со кој датум ќе бидат замрзнати цените и на тој начин нема да можат да ги поскапат.
-Сите анализи покажуваат дека нема основ за зголемување на цените на основните прехранбени производи и од страна на трговците, но и од страна на производителите, имајќи го предвид намалувањето на цените на светските берзи, рече Бектеши по работниот состанок со раководителите на подрачните одделенија на Државниот пазарен инспекторат.
Нагласи дека иако има намалување на инфлацијата согласно согледувањата на Министерството за економија има уште простор за да се намалат цените и додаде дека сите завршни сметки на големите синџири на маркети покажуваат дека тие немаат намалување на нивните приходи, туку напротив имаат зголемување за претходната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 2003 до 2026 година: Верижните несреќи…
Двете верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“…
Сиљановска Давкова изрази сочувство до Јотова за…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази сочувство до…
Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше…
Екс студент остави писмени закани до деканот…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38)…
Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…
Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…