Објавено на:

Белата куќа и Конгресот се договараат за спојување на својата помош за Украина и Израел

t

Дополнителната помош за Израел по нападот на милитантниот Хамас може да се соочи со помал отпор во Конгресот.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и клучните конгресмени активно работат на тоа помошта за Израел да се поврзе со финансирањето на Украина, изјави официјален претставник на администрацијата и двајца проукраински републикански конгресмени, пренесе денеска Ен-би-си Њуз.

Демократските и републиканските конгресмени кои поддржуваат поголема помош за Украина посочија дека пакетот помош ќе биде потенцијален метод за обезбедување на дополнително финансирање за Киев, и покрај противењето на некои републиканци во Претставничкиот дом и Сенатот.

Група конзервативци од Претставничкиот дом остро се спротивстави на новото финансирање на Украина, како што побара Белата куќа, а ова прашање ќе биде една од главните теми на изборите за лидер на Републиканската партија подоцна неделава, пренесе телевизијата Ен-би-си.

Дополнителната помош за Израел по нападот на милитантниот Хамас може да се соочи со помал отпор во Конгресот.

-Белата куќа ја проценува политичката одржливост на поврзувањето на помошта за Украина и Израел, кажа претставник на администрацијата, признавајќи дека Конгресот ќе ја донесе конечната одлука.

Координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, денеска изјави дека „двете теми се важни“ и дека САД се доволно големи, економски одржливи, доволно силни за да ги поддржат двете земји.

Останува нејасно кога треба да се донесе одлука дали да се поврзе помошта за Украина и Израел, а Конгресот се соочува со краен рок до средината на ноември да ја спонзорира федералната влада.

Неименуван републикански сенатор за Ен-би-си Њуз изјави дека Израел и Украина се очекува да бидат вклучени во идниот предлог-закон за трошоци.

-Верувам дека ќе има дополнување кое вклучува помош за Израел, како и за Украина, со оглед на страшните терористички напади на Хамас, рече сенаторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пополека ја губиме војната, има уште неколку…

Украина се чини дека полека ја губи…

Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари

Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…

Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…

СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…

Сите мини во меѓународните води на Ормуска…

Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат

Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…