Белата куќа: Харис е физички и ментално способна за функцијата претседател на САД
Белата куќа денеска објави извештај за здравствената состојба на демократската претседателска кандидатка Камала Харис, а нејзиниот лекар изјавил дека таа е физички и психички подготвена да ја извршува функцијата претседател на САД, пренесува Фокс Њуз.
Како што се додава во извештајот, лекарот на Харис изјавил дека таа е во „одлична здравствена состојба“.
Медицинскиот извештај претходно го прегледал близок соработник на Камала Харис од нејзиниот изборен штаб.
Медицинскиот извештај е објавен во време кога 59-годишната Харис се натпреварува за гласови со нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп (79).
Трамп, според Фокс њуз, не ги објавил неодамнешните резултати за неговото здравје.
„Потпретседателката Харис останува во одлична здравствена состојба“, напиша нејзиниот лекар Џошуа Р. Симонс.
Тој додаде дека Харис поседува физичка и ментална сила и издржливост потребни за успешно извршување на должностите на претседател, кои вклучуваат служење како шеф на државата и врховен командант на војската.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…