Белата Куќа ќе одговори соодветно доколку Русија заплени имоти на американски компании
САД ќе одговорат доколку Русија почне да ги конфискува имотите на американските компании кои го напуштаат нејзиниот пазар поради настаните во Украина, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
„Ги поздравивме активностите на овие компании, не ги охрабривме зад сцената… Доколку руските власти преземат такви мерки, убедена сум дека и нашата страна ќе одговори, но во моментов такво нешто не се случува“, рече таа.
Претходно денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека владата ги разгледува сите опции за одговор на западните санкции против Русија, вклучително и идејата за национализирање на компаниите на оние компании кои рекоа дека го напуштаат рускиот пазар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…
Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…
Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…
Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…
Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…